На работилницата се говореше за можностите кои ги даваат ИПА фондовите, како за државните институции, така и за здруженијата на граѓани кои дејствуваат во Република Македонија. Се разговараше за начинот и постапката преку кој се пристапува кон фондовите, начинот на пополнување на апликацијата, начинот на создавање и развивање на проектни идеи, подготовката на проектите итн.
За време на работилницата, претставниците на ЕКВИЛИБРИО, остварија многу контакти со други здруженија на граѓани кои работат во истата, или слична, област од општественото живеење. Понатаму, исто така се разгледуваа можностите за прекугранична соработка, која би овозможила полесен пристап кон некој од ИПА фондовите.
“Never doubt that a small group of thoughtful, committed, citizens can change the world. Indeed, it is the only thing that ever has.”
Со почит,
ЕQ.
ЕQ.