Претседател/Заменик претседател



Претседател на Здружението на граѓани Еквилибрио - Скопје





ХРИСТИЈАН ЈОСИФОСКИ



         Христијан Јосифоски, е роден 30.09.1989г. во Прилеп. Основното училиште го има започнато во Прилеп, а завршено во скопското основно училиште "Христијан Тодоровски-Карпош". Средното училиште го завршил во Скопје, во скопската гимназија Георги Димитров. Во 2008г. своето образование го продолжува на еден од еминентните државни факултети, Правниот факултет "Јустинјан Први" во Скопје, на отсекот политички науки. Во 2011 година, тој ги заврши своите студии и се стекна со титула Дипломиран политиколог (Bachelor of Arts in Political Science). Моментално е запишан на магистерски студии, кои се одвиваат на Економскиот факултет во Скопје, на отсекот Монетарна економија, финансии и банкарство. Христијан Јосифоски може да се пофали со активно учество во невладиниот сектор, и земањето учество на разни дебати, тренинзи и конференции. 
            Течно ги говори македонскиот и англискиот јазик.


ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ 



ВЛАТКО ВАСИЛЕВ

        Влатко Василев е роден 29.01.1989г. во Подгорица, Република Црна Гора, меѓутоа уште од рано детство се доселува во Скопје, во скопската населба Карпош. Влатко своето основно образование го има завршено во основното училиште "Христијан Тодоровски - Карпош" во Карпош.По завршеното основно образование, се запишува во една од најдобро рангираните гимназии во Скопје, "Орце Николов" и истата ја завршува со солиден успех. Без размислување, тој своите студии ги продолжи на отсекот за политички науки при Правниот факултет "Јустинјан Први" од Скопје и, како и неговиот колега Христијан Јосифоски, се стекна со  титулата Дипломиран политиколог (Bachelor of Arts in Political Science). Влатко, своите додипломски студии ги заврши во рекордно време со постигнат одличен  успех. Самото завршување на студиите, се причина плус тој да ги започне своите последипломски студии на Правниот факултет, на отсекот Политички менаџмент (Political management).
          Влатко Василев, беше дел од македонската атлетска репрезентација во периодот од 2003-2008 година, со која постигна одлични резултати како на национално, така и на интернационално ниво. Од областа на неформалното образование и невладиниот сектор тој може посебно да се пофали со разните семинари, тренинзи и обуки кои ги завршувал со одличен успех, со огромно искуство и знаење. 
           Тој активно ги зборува македонскиот, англискиот и бугарскиот јазик.