Секретар

Илија Ќироски - Секретар на Еквилибрио


            Илија Ќироски, е роден 18.09.1989г. во Скопје. Тој, своето основно образование го има завршено во основното училиште "Лазо Ангеловски" во скопската населба Ново лисиче.По завршувањето на основното образование со одличен успех, тој се запишува во средното стручно училиште "Васил Антевски-Дрен" на правниот смер.Во 2008г. тој го завршува средното училиште и се стекнува со титула правен асистент.Но, неговите видици се прошируваат со запишувањето на политичките науки на Правниот факултет "Јустинјан Први" во Скопје, каде истите ги заврши со одличен успех и се стекна со титулата Дипломиран политиколог (Bachelor of Arts in Political Science). Но, тука не застанува неговото образовно надградување и истата година се запишува на Економскиот факултет на смерот Монтерна економија, финансии и банкарство.
              Ќироски Илија е еден исклучително ангажиран, пред се, граѓанин, бидејќи има земено учество на многу конференции, дебати, тренинзи  - како на национално така и на интернационално ниво.
             Тој активно ги говори македонскиот, англискиот и српскиот јазик.