Визија и мисија


Здружението на граѓани за младински активизам, граѓанска еднаквост и европска иднина ЕКВИЛИБРИО е непрофитна, доброволна, независна и непартиска асоцијација на граѓани, формирана со нивно слободно здружување,  независно од нивната национална, верска и полова припадност ,заради вршење на активности во насока на остварување на целите и задачите наведени во овој Статут.

Здружението на граѓани за младински активизам, граѓанска еднаквост и европска иднина ЕКВИЛИБРИО своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува во согласност со одредбите од Уставот на Република Македонија,Законот за здруженија и фондации, овој Статут, како и другите законски акти кои ја регулираат материјата од оваа област.

Здружението во својата в
изија ги гледа самите граѓани како активни  и конструктивни учесници во креирањето на поквалитетно општество  , како и иницијатори и организатори на активности кои ќе го збогатат нивниот живот и работа во рамките на општеството.

Мисија на организацијата е да ја реализира својата визија преку:

  • 1)  Поттикнување на свеста и младинскиот активизам преку младинска работа и неформално образование.
  • 2)  Зголемување на улогата на младите во општеството.
  • 3)  Афирмација на правата и слободите на обесправените и маргинализирани поединци и групи.
  • 4)  Промовирање на основните демократски вредности и принципи.
  • 5)  Промовирање на европските вредности во Република Македонија и застапување на идејата за нејзино интегрирање во Европската унија и НАТО алијансата преку организирање и учество во разни активности.
  • 6)  Организирање на јавни дебати и настани, на кој полесно би се артикулирале идеите и замислите на граѓаните.
  • 7)  Залагање за отстранување на културните бариери и промовирање на толеранција и соработка.
  • 8)  Спроведување на заеднички проекти на членовите со слични организации од земјава и надвор од неа.