Управен одбор

Управниот одбор на Еквилибрио е сочинет од 5 (пет) членови, и тоа:



Христијан Деспотовски - Претседател на Управниот Одбор




       Христијан Деспотовски е роден на 06.01.1990 г. во Скопје. Своето основно училиште го завршил во скопското основно училиште Лазо Ангеловски. Во 2004г. г-дин Деспотовски, се запишува во средното стручно училиште Васил Антевски-Дрен во Скопје, на правниот смер. По завршувањето на средното правно училиште, тој своето образование го продолжува на Правниот факултет "Јустинјан Први" во Скопје, на отсекот политички студии. На средината на 2011 год. тој успешно ги заврши своите студии и се стекна со титула Дипломиран политиколог ( Bachelor of Arts in Political Science). Истата година, запиша пост-дипломски студии на Економскиот факултет во Скопје, на смерот Монетарна економија, финансии и банкарство.
         Христијан зад себе има огромно искуство во поглед на соработка со други невладини организации.
          Тој активно ги говори македонскиот и англискиот јазик.



  Џорџ Танески 


       Танески Џорџ е роден 09.02.1990г. во Скопје. Своето основно училиште го завршил во основното училиште Јоаким Осоговски. Своето образование го продолжува во средното училиште Васил Антевски-Дрен, на правниот отсек, и истото го завршува во 2008г. Таа година, се запишува на Правниот факултет "Јустинјан Први" на отсекот за политички науки. Во 2011 г. ги завршува додипломските студии, се стекнува со титула Дипломиран политиколог (Bachelor of Arts in Political Science). Но, тука тој не престанува со своето образовно надополнување и се запишува на последипломски студии, на Правниот факултет, на отсекот Дипломатија и меѓународни односи.. 
         Тој активно ги говори македонскиот и англискиот јазик.




   Енис Муртези


      Енис Муртези е роден 07.11.1989г. во Скопје. Своето основно училиште го завршил во Скопје, општина Чаир.Тој запишува средно училиште во скопската гимназија Зефљуш Марку и истото, во 2008г., го завршува со огромен успех.Во 2008г. се запишува на Правниот факултет "Јустинјан Први" на отсекот за политички науки, кои во 2011 г. ги завршува и се стекнува со титулата Дипломиран политиколог (Bachelor of Arts in Political Science). Гладен за нови предизвици и повеќе знаење тој се запишува на последипломски студии на Правниот факултет, на отсекот Дипломатија и меѓународни односи.
        Енис е прилично активен на полето на невладиниот сектор. Тој е член на повеќе невладини организации, меѓу кои и Ratio.
          Тој активно ги говори албанскиот, македонскиот и англискиот јазик.



Влатко Василев - Заменик Претседател на Еквилибрио (за повеќе кликнете на линкот Заменик Претседател )






Илија Ќироски - Секретар на Еквилибрио (за повеќе кликнете на линкот Секретар )